Реал Мадрид беше елиминиран од Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а многумина сугерираат дека ерата на Анчелоти во кралскиот клуб е завршена.
Според „Скај Спортс“, бразилскиот претприемач Диего Фернандеш наводно веќе се обидува да посредува за евентуален договор во кој Карло Анчелоти би ја презел бразилската репрезентација ова лето.
Иако Фернандеш официјално не е поврзан со Фудбалската федерација на Бразил, тој е добро поврзан и со нив и со Реал Мадрид, а Фабрицио Романо пренесува дека преговорите би можеле да започнат денеска.
На Бразилците им се брза и не можат да си дозволат да чекаат со оглед на тоа што во јуни треба да одиграат натпревари против Парагвај и Еквадор како дел од квалификациите за СП 2026 година.
Анчелоти веќе подолго време се споменува како иден селектор на Бразил, а тамошната репрезентација е без селектор од март кога му врачи отказ на Доривал Јуниор по поразот од Аргентина со 4-1.
Италијанскиот стратег има договор со Реал Мадрид до јуни 2026 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА