Бразилската пливачка Ана Каролина Виеира е вратена дома од Летните олимписки игри во Париз, додека нејзиниот колега Габриел Сантос доби предупредување за напуштање на олимпиското село без дозвола од водачот на екипата, објави Бразилскиот олимписки комитет.
Нивното напуштање на олимпиското село е откриено по објава на социјалните мрежи, а Бразилскиот олимписки комитет од нив направи пример.
„Не дојдовме тука на одмор и забава. Тука се бориме за Бразил, за 200 милиони даночни плаќачи кои работат за нас. Виеира го прекрши кодексот на однесување. Беше агресивна во комуникацијата со тимот и го загуби фокусот на натпреварување, а тоа е најбитно. Немавме избор. Не сум воопшто среќен, но тоа беше единственото решение“, изјави водачот на бразилската пливачка репрезентација Густаво Очука.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА