Тренерот на Шкендија, Томас Брдариќ не го крие задоволството од пласманот на неговата екипа во финалето од Купот на Македонија по елиминацијата во полуфиналето на најголемиот конкурент, Вардар.
Според Брдариќ реванш дуелот во Тетово било тешко да се „преживее“, пред се од психолошки аспект, за неговиот тим…
„Навистина сум горд на мојот тим и целиот клуб затоа што беше ова навистина тежок меч да се издржи, пред се од психолошки аспект. Победници сме во оваа полуфинална пресметка и тоа не прави навистина среќни. Стигнавме до финалето во Купот што секако беше наша примарна цел, па се надевам дека ќе стигнеме понатаму и до трофејот“ – вели Брдариќ и дополнува:
„Навивачите секогаш се наш 12-ти играч и позитивната атмосфера секогаш ни е потребно. Среќен сум што ја имаме нивната поддршка, но мора да се биде внимателен бидејќи не ни се потребни инциденти. Мора многу да се внимава и околу тоа“.
Во финалето од Купот на Македонија, Шкендија на 17. мај ќе се соочи со Пелистер. Размислувањата во ФФМ се финалето да се игра во Штип доколку се обезбедат сите финални услови за спортско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА