Стратегот на Шкендија, Томас Брдариќ очекувано беше незадоволен од изданието на својот тим и поразот од Вардар со 3-1 на „Телеком арената“ во Скопје во дербито на 20. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Но, Брдариќ го потенцираше и, како што вели, некоректното судење од Александар Ставрев, како причина за убедливиот пораз…
„Прво да кажам дека овој резултат воопшто не значи дека веќе се предаваме во трката за титула. Напротив, долго е се уште првенството, а ние не се предавеме до крај. Имавме на овој натпревар свои грешки, но мора да потенцирам и дека главниот судија имаше двоен аршин. Во првото полувреме воопшто немаше пенал за Вардар кој во голема мера го одлучи победникот на дуелот, а во второто полувреме, пак, не беше досуден пенал за Шкендија. Но, оставаме тоа дополнително да се анализира. Ние секако наредниот период мора да направиме и анализи околу нашата игра, затоа што направивме многу грешки во одбраната. Не сакам сега да истакнувам поединци, затоа што ние играме сите заедно, и во напад и во одбрана тимот е одговорен за се“ – ни изјави Брдариќ по дерби пресметката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА