Шкендија, по два едноподруго натпревари без победа, конечно стигна до трите бода славејќи на дерби пресметката против Пелистер во мечот кој се играше на игралиштето на „Могила“ во Прилеп.
Стратегот на Шкендија, Томас Брдариќ по натпреварот истакна дека е задоволен од победата затоа што е извојувана под тешки услови за игра на терен кој не задоволува ниту минимални услови за игра.
„Секако сум презадоволен од победата затоа што имавме навистина лоши услови за игра на терен кој е далеку од професионален, па моравме да дадеме многу поголем напор за да дојдеме до бодовите. Но, тимот имаше навистина добра претстава во еден тежок меч… Во второто полувреме создадовме многу шанси, па сосема заслужено стигнавме до триумфот“ – вели Брдариќ по триумфот над Пелистер и веднаш дополнувајќи:
„Сега може комплетно да се насочиме кон многу важниот натпревар кој не очекува во среда во полуфиналето од Купот против Вардар“.
Шкендија и Вардар во среда во Тетово го играат реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Македонија. По првиот натпревар, Шкендија има предност од 3-1 по триумфот во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА