Шкупи денеска од 21 часот на арената „Тодор Проески“ го пречекува Динамо Загреб на реванш-дуелот од 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Сосема е јасно дека хрватскиот шампион ја носи фаворитската улога, но еден од најдобрите поединци на Шкупи, Владица Брдаровски вели дека немаат што да загубат, а можат многу да добијат со елиминацијата на еден тим како Динамо Загреб.
„Нашата предност е сознанието дека немаме ама баш никаков притисок. Притисокот е кај Динамо кој мора да продолжи во Европа, нив ги „боли главата“… А за нас секој добар натпревар и резултат, секој пласман понатаму е само бонус, и затоа ќе играме релаксирано. А кога е полесно од психолошки аспект, полесно е и да се даде максимумот на терен“ – вели Брдаровски.
Околу тоа како Шкупи ќе игра на реваншот…
„Ќе играме тактички како ќе одлучи стручниот штаб. Но, бидејќи играме дома сигурно нема да се браниме, но ќе играме поотворено, затоа што сигурно и публиката тоа од нас ќе го бара. Се надевам дека барем половина стадион ќе биде исполнет, па со поддршка од 15.000 навивачи ќе се обидеме да дојдеме до изненадување“ – дополнува Брдаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА