Репрезентацијата на Македонија главно составена од фудбалери од прволигашите, загуби од Саудиска Арабија со 1-0 во меч во кој единствениот гол падна во 85. минута.
Во финишот од средбата недосуден пенал за Македонија во две ситуации. Репрезентативецот Владица Брдаровски смета дека поразот е незаслужен, и дека судијата морал да покаже на белата точка.
„Штета што имавме вакво судење. Незаслужен пораз. Моите соиграчи ги исполнија сите задачи. Бевме добро позиционирани на теренот, го загрозивме нивниот гол, а тие од една шанса стигнаа до гол. Имаше 2-3 ситуации да досуди пенал. Покажавме дека и против слеекцијата која игра на СП дека можеме да играме добар фудбал, и се надевам дека репрезентацијата ќе продолжи во ова темпо да бележи добри резултати“, рече Брдаровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА