Брдаровски во Вардар до 2019 година

Вардар успешно ги финишираше преговорите со Владица Брдаровски, по што десниот бек потпиша нов договор со актуелниот шампион со важност до 2019 година. Брдаровски веќе две години е дел од Вардар, откако во летниот преоден рок 2015 година дојде во таборот на првакот од таборот на унгарски Ѓер.

Среќен сум што ја продолжив верноста со Вардар и што ќе бидам дел од најдобриот клуб во Македонија и во следните две години. Благодарност до раководството, до стручниот штаб и до играчите кои што имаат дел од заслугата за ова. Мое е да работам напорно да ја оправдам довербата која ми е укажана. Секогаш кога сум играч за Вардар, сум го давал максимумот тимот да дојде до победа и до успеси, и така ќе биде и во иднина. Играм во најдобрата екипа во Македонија која секогаш има амбиции да биде на првото место на табелата и секогаш да освојува титули. Мислам дека е крајно време ова лето да го направиме и тој толку посакуван исчекор на меѓународна сцена, во Лигата на шампионите“ – изјави Брдаровски за официјалната веб-страница на Вардар.

Дефанзивецот во минатата сезона беше трет на листата со најголема минутажа во Вардар. Тој одигра пропушти три натпревари, и вкупно 2478 минути настап во шампионатот. Од неговото доаѓање до сега, Брдаровски го носеше дресот на „црвено-црните“ на 52 официјални меча.

Се вчитува...