Бредли Бил одигра фантастичен натпревар во дресот на Вашингтон визардс на гостувањето против Портланд, на кое асот на „волшебниците“ постигна дури 51 поен и му донесе победа на својот тим од 92-106. Во отсуство на својата олстар-ѕвезда Џон Вол, Бил ја презеде врз себе одговорноста и погоди дури 21 шут од поле (пет тројки), за рекордни за него 51 поен во кариерата. Портланд претрпе пораз на домашен терен, а згора на тоа во последната четвртина остана и без центарот Нуркиќ, кој го повреди скочниот зглоб и мораше да биде пренесен во соблекувалната, а до моментот на повредата имаше 15 поени и девет скока зад своето име.
Расел Вестбрук беше во главна улога на дуелот на кој Оклахома сити го совлада тимот на Јута со 100-94, меч на кој извонредниот плејмејкер стигна до нов трипл-дабл, реализирајќи 34 поени, 14 асистенции и 13 скокови. „Џезерите“ допатуваа во Оклахома со серија од шест победи, но не можеа да ја продолжат токму поради Вестбрук, кој одигра извонредно, но и поради Пол Џорџ, кој постигна 11 од своите 21 поен во последната четвртина.
Резултати НБА:
Торонто – Феникс 126-113, Оклахома сити – Јута 100-94, Портланд – Вашингтон 92-106,
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА