Бредли Бил кариерата ќе ја продолжи во ЛА Клиперс

Американскиот кошаркар Бредли Бил е нов член на Лос Анџелес Клиперс. Тој остана без договор, откако Феникс одлучи да го откупи и да го направи слободен агент, па Бил се договори со Лос Анџелес Клиперс и стана нивни нов кошаркар.

Бил потпиша двегодишен договор вреден 11 милиони долари со Клиперс.

Клиперс веќе ги имаат Џејмс Харден, Кавај Ленард, Џон Колинс, Ивица Зубац, па со доаѓањето на Бил прераснуваат во едни од првите фаворити на Западот.

Се вчитува...