Брегалница е првиот учесник во второто коло во фудбалскиот Куп на Македонија, откако во првата рунда го декласираше тимот на Ново Црнилиште со 0-22.
Разликата во квалитет штипскиот тим ја покажа уште во првото полувреме по кое имаа убедлива предност од 0-6. Во вториот дел се играше „викторија“ пред голот на Ново Црнилиште, а штипјани успеаја да постигнат 16 гола, за конечна победа од неверојатни 0-22.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА