Раководството на Брегалница веќе ги договори првите два пријателски натпревари за време на подготовките на тимот во турскиот туристички центар Анталија.
„Сините“ во Анталија патуваат на 2. февруари, а веќе на 5. февруари ќе го имаат првиот пријателски натпревар против тимот до 21 година на Шахтјор Доњецк од Украина. За терминот на 11. февруари е договорен и тест дуел со узбекистанскиот прволигаш Насаф од Карши. Планирани се контролни натпревари и на 8. февруари и 14. февруари, меѓутоа противниците за овие термини дополнително ќе бидат одредени.
Натпреварите ќе се играат во спортскиот комплекс во Лара Кунди во Анталија.
Пред заминувањето во Анталија, Брегалница веќе договори пријателски натпревари со Борец во Велес на 23. јануари, со Осогово во Кочани на 27. јануари и со Пелистер во Штип на 31. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА