Второлигашот Брегалница го врати Никола Тонев на местото спортски директор на клубот и веднаш ги промовираше првите две засилувања за престојната сезона.
Тоа е Јовица Радевски и Зоран Даноски кои го засилуваат штипскиот тим од Беса, односно Тивкеш и од нив се очекува да бидат од голема помош за исполнување на амбицијата – враќање на прволигашката сцена.
Договорот го продолжи и напаѓачот Иван Глигоров, а и шест нови фудбалери од младинската школа ќе бидат приклучени кон првиот тим.
Подговотвките за новата сезона Брегланица ги започнува на 08.07 по што ќе следат и пријателски натпревари против Детонит, Вихрен, Работнички и Победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА