Брегалница го победи Тиквеш со голот на Ганецот Рудолф Благоџи

Брегалница триумфираше на вториот пријателски натпревар за време на зимскиот подготвителен период. Штипјани триумфираа со 1-0 против Тиквеш на тестот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

Стрелец на единствениот погодок за Брегалница беше 22-годишниот Рудолф Благоџи кој деновиве е на проба меѓу штипските „сини“ пред евентуален ангажман. Благоџи е крилен офанзивец кој, ако го задоволи вкусот на шефот на стручниот штаб Горан Здравков, треба да ја засили офанзивната линија.

22-годишниот Ганец ги минал младинските школи на хрватски Осијек и португалскиот Спортинг, а досега во својата кариера настапувал за Карвина во Чешка и цногорскиот Беране, кој е негов последен клуб.

Брегалница по овој тест дуел веќе во четврток се сели во Охрид каде е планирано одигрување на уште четири пријателски натпревари.

Се вчитува...