Брегалница го промовираше Капсаров како ново засилување

Брегалница промовираше ново име во своите редови, Костадин Капсаров.

“Тој доаѓа од Беласица и ќе биде засилување на конкуренцијата во офанзивните редови. Негова природна позиција е крилната позиција, се служи одлично со двете нозе, а посилна му е левата” – информираат од Брегалница.

Капсаров има 20 години, а досега има настапувано во Брера, Детонит и Беласица.

Се вчитува...