По една мината полусезона надвор од својот дом, поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Анџело Николовски повторно се врати во Брегалница.
21-годишниот Николовски, кој игра на крилните дефанзивни позиции, изминатава есен ја мина во редовите на Гостивар, за да сега повторно се врати во својата Брегалница за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Николовски, кој потекнува токму од фудбалската школа на штипските „сини“, претходно во кариерата има настапи и за Кит Го Пехчево. Ги има минато сите јуниорски репрезентации на Македонија, а настапуваше и за националната селекција до 21 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА