Вистински прволигашки натпревар одиграа Брегалница и Шкупи на отворањето на сезоната во Штип.
Брегалница беше подобриот тим на теренот, па на крај може и да жали што не славеше против фаворитот. Сепак, фудбалерите на Марјан Секуловски и „Фалангата“ може да бидат задоволни од тоа како мина враќањето во елитното друштво.
„Сините“ покажаа дека имаат тим за респект во прволигашката конкуренција, за разлика од Шкупи кој продолжи со неубедливите изданија демонстрирани и во квалификациите од УЕФА Конференциската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА