Второлигашите Брегалница од Штип и Лабуништа ремизираа (1-1) на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
Штипјани, за кои ова беше трет тест за време на подготовките во Охрид, поведоа со голот на Лазар Илиев во 33. минута. Лабуништа израмни со гол во 70. минута од средбата. Брегалница последните минути од дуелот ги одигра и со фудбалер помалку, по исклучувањето во 72. минута и на Иван Митров.
Последниот пријателски натпревар на Брегалница во Охрид ќе биде во вторник (12. февруари) против Борец од Велес, по што следи враќање во Штип каде ќе се реализираат финалните подготовки пред продолжението на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА