Брегалница и Работнички со супер-погодоци до предност против досега непобедливите АП Брера и Шкендија (ВИДЕО)

Брегалница и Работнички имаат предност од 1-0 по првото полувреме против досега непоразените АП Брера односно Шкендија во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани целосно доминираат на натпреварот против лидерот во шампионатот АП Брера пред своите навивачи, па сосема заслужено водат со 1-0.

И Работнички има предност од 1-0 против досега непоразената Шкендија. А, најзаслужен за предноста е фудбалерот од Уганда во редовите на „романтичарите“, Кагиму кој во 28. минута испрати вистинска „бомба“ во самиот десен горен агол од голот на гостите.

Прекрасен погодок за предност на Работнички…

Водство има и Шкупи по успешно изведениот пенал на Хоџиќ во 27. минута.

Тиквеш води против Воска Спорт со идентични 1-0 по погодокот на Марио Гасама уште во 17. минута од средбата..

Три гола во финишот на полувремето во Кратово, каде Македонија ЃП има предност од 1-2 против Силекс и покрај тоа што „лавовите“ имаа негатива од 1-0 по голот на Марко Ѓорѓиевски во 44. минута. Но, за две минути следеше пресвртот на мечот.


ПМФЛ – 5. КОЛО (прво полувреме)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ВОСКА СПОРТ 1-0
Гасама 17′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – АП БРЕРА 1-0
Венегас 27′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 1-0
Кагиму 28′
Скопје: ШКУПИ – ГОСТИВАР 1-0
Хоџиќ 27′(п)
Кратово: СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-2
Ѓорѓевски 44′ – Алексовски 45′, Скендери 45’+2
01.ноември 2023
Струга: СТРУГА ТЛ – ВАРДАР

Се вчитува...