Брегалница и со играч помалку во 87. минута и „украде“ победа на Шкендија во Штип (ВИДЕО)

Брегалница и Шкендија одиграа без победник (2-2) во Штип во првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци беа многу блиску до трите бода, но и со играч повеќе дозволија погодок во својата мрежа во 87. минута кој сосема заслужено им донесе бод на штипјани.

Брегалница подобро го почна мечот, но откако не беа искористени некои напади, во 22. минута следеше казната на спротивната страна за водство на Шкендија од 0-1 со голот на Дашмир Елези.

По мирното продолжение на вториот дел, во второто полувреме Брегалница успеа да израмни во 54. минута со голот на Виктор Велковски, за да веќе во 68. минута со погодокот на Аганспахиќ повторно се дојде до водство од 1-2 за гостите.

Брегалница во 73. минута остана и со играч помалку на теренот, по вториот жолт картон и исклучувањето на Грузиецот Лука Робакидзе. Но, тоа не беше пречка за штипјани преку Ѓорѓиев во 87. минута да дојдат до 2-2 и бод на мечот, по крајно лошата проценка на гостинскиот голман.


ПМФЛ – 15. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 2-2
Велковски 54′, Ѓорѓиев 87′ – Елези 22′, Аганспахиќ 68′
УТРЕ (13 ч.)
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – АП БРЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА СПОРТ

Се вчитува...