Штипска Брегалница ќе мора да брка опстанок во прволигашката конкуренција оваа пролет со вкупно расположиви на својата сметка околу 150.000 евра.
Комисијата за спорт на општина Штип, одлучи за Брегалница во првата половина од годината, или до јули 2017, да бидат издвоени 10 милиони денари. Од редовите на Брегалница бараа да бидат издвоени околу 19 милиони денари за цела година, но сепак одлуката е да се заокружи на сума од 10 милиони денари. Иако, нејасно останува дали дополнително до крајот на 2017 година потоа ќе има издвојување средства од буџет за функционирањето на фудбалскиот клуб.
Брегалница оваа пролет ја чека тешка битка за опстанок, ако се знае дека екипата остана без посебно нагласени засилувања, а ја напуштија неколку стандардни првотимци.
По враќањето од подготовките во Бугарија, утре „сините“ ги очекува пријателскиот натпревар со Хоризонт Турново, а на 11. февруари в Штип ќе биде генералниот тест пред стартот на вториот дел од шампионатот против Земун.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА