ВТОРА ЛИГА: Брегалница лесно го совлада Борец, „лавовите“ само до бод против Детонит

Лидерот на табелата екипата на Брегалница, дополнително се одлепи на првото место на табелата, откако денеска во 10. коло на домашен терен го совлада Борец со убедливи 4-0. Штипјани сите дилеми околу победникот ги решија во првите пет минути, откако гостите од Велес си постигнаа автогол, а потоа Димитриевски успеа да зголеми на 2-0.

Абази од пенал во 30. минута донесе 3-0, а потоа истиот играч од игра во 73 минута ги постави конечните 4-0.

Екипата на Беласица успеа да дојде до победа над Скопје на Автокоманда од 0-2. Скопје во финишот остана и со играч помалку откако исклучен беше Дино Најдоски.

Екипата на Македонија ЃП не успеа да го скрши отпорот на Детонит Плачковица, и во Радовиш одигра меч без голови. Мечот беше тврд, со многу малку прилики на двете страни и со реален резултат.

Охрид слави триумф над Осогово и тоа на гостински терен со 0-2. Кожуф и Арсими во Гевгелија одиграа без победник 1-1.

ВМФЛ, РЕЗУЛТАТИ, 10. КОЛО

ОСОГОВО – ОХРИД   0-2

ДЕТОНИТ – МАКЕДОНИЈА ЃП  0-0

СКОПЈЕ – БЕЛАСИЦА 0-2

ВАРДАР Н. – НОВАЦИ 3-1

БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ 4-0

ВАРДАРСКИ – БАШКИМИ 0-3

КОЖУФ – АРСИМИ 1-1

САСА – ПОБЕДА 4-1

Standings provided by Sofascore

 

 

Се вчитува...