Фудбалерите на Брегалница доживеаја минимален пораз од 0-1 од српскиот прволигаш Раднички од Сремска Митровица на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Дојран.
Поразот за „сините“ на тестот во Дојран следеше по само една грешка на одбраната уште во 2. минута од средбата која гостите ја искористија за ран погодок. Во продолжението Брегалница ја контролираше играта преку активно темпо создавајќи можности за погодок, но мрежата на српскиот тим остана нечепната. Во второто полувреме, избраниците на Марјан Секуловски имаа дополнителни можности за гол, наспроти дефанзивно ориентираните противници, но изостана реализацијата.
Од првата минута на натпреварот настапи и засилувањето за продолжението од сезоната, Муарем Муарем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА