Македонскиот фудбалски второлигаш Брегалница Штип влегува во нова ера во својата историја.
Штипшјани утре од 13 часот ќе одржат официјална прес-конференција на Градскиот стадион во Штип, каде ќе биде претставен новиот сопственик, новото раководство, но и Влатко Костов за нов тренер на клубот.
Покрај презентацијата на раководството и стручниот штаб, на прес-конференцијата ќе бидат соопштени и амбициите на Брегалница за иднината, деталите околу новиот ростер, плановите за функционирање на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

