Четири дена порано од првично договореното штипска Брегалница ги почна подготовките за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
На првата прозивка на тимот, тренерот Здравко Цветаноски располагаше со вкупно 15 фудбалери од кои само 9 од сениорскиот состав, дополнети и со шест играчи од младинскиот тим.
На првиот собир и тренинг на штипјани недостасуваа голманите Кобетиќ и Ристовски, но и стандардните првотимци Велинов, Темелков, Георгиев, Ѓорески…, кои дополнително ќе се приклучат на подготовките. Од новите фудбалери се појавија бугарскиот интернационалец Томи Костадинов и повратникот Дарко Стојанов. Се уште се очекува одговорот од Ристе Наумов и Никола Тонев со кои се преговара за ангажман во пролетниот дел од сезоната.
Според најавите, фудбалерите на Брегалница до 27. јануари ќе се подготвуваат во Штип, а се уште се очекува договорот за местото на реализацијата на втората фаза од подготовките. Дали ќе биде на домашен терен во Дојран или Охрид, или евентуално во Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА