Брегалница од Триглав Крањ го врати младинскиот репрезентативен голман Новаков

Брегалница во своите редови го врати и младиот голман Кире Новаков кој доаѓа од редовите на словенечкиот прволигаш Триглав Крањ.

19-годишниот Новаков, кој е член на репрезентацијата на Македонија до 19 години, е дете на Брегалница каде ги почнува своите први фудбалски чекори во академијата на клубот. Но, на 14 годишна возраст се сели во младинската академија на НК Крањ во Словенија од каде потоа продолжува во Тргиглав Крањ. Сега повторно се враќа во синиот дрес.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, како и голманот Мартин Давков, и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Се вчитува...