Брегалница остана без тренер, Емил Грнев си поднесе оставка

Штипскиот второлигаш Брегалница остана без шеф на стручниот штаб по поразот од Детонит (2-0). Емил Грнев си поднесе оставка на функцијата, поради слабите резултати на тимот во првиот дел од сезоната. Брегалница моментно е на петтото место на табелата со 10 освоени бода, дури 11 помалку од лидерот Борец.

„Поднесов оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Брегалница. Ја преземам одговорноста за последните слаби резултати на тимот, кои не се совпаѓаа со моите размислувања за успешна есен. Сакам да искажам благодарност за укажаната доверба и верувам дека Брегалница многу брзо ќе се врати на успесите“– изјави Емил Грнев.

 

Се вчитува...