Брегалница успеа да слави во Пехчево, на гостувањето кај новиот второлигаш Кит Го со 1-2. Во интересен натпревар, први поведоа штипјани со голот на Велиновски во 49.минута.
Мартин Стојанов израмни десетина минути подоцна, но Ристе Наумов во 76.минута постигна победнички погодок за Брегалница. Во 85.минута, Велиновски беше исклучен поради втор жолт картон, но резултатот не се менуваше.
Саса и Кожуф ремизираа 1-1. Останатите мечеви од Втората лига Исток ќе се играат утре, како и комплетното коло од Втората лига Запад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА