Подготвувајќи го тимот за следната сезона и враќањето во Првата лига, ФК Брегалница потпиша прв професионален договор со еден од најголемите свои таленти Матеј Георгиев.
17-годишниот Георгиев, кој е и досегашен капитен на македонската репрезентација за фудбалери до 16 години, по одличните игри го добива и првиот професионален договор во синиот дрес.
„Сините“ го продолжуваат официјално договорот и со уште еден млад фудбалер, 19-годишниот Анџело Николовски.
„Покрај амбициозноста и резултатскиот императив кој го носи тим како Брегалница, ние паралелно со тоа продолжуваме и со нашиот проект за склучување долгорочни договори со младите фудбалери. Инвестицијата во младите категории секако е една од основните определби на Брегалница и за иднина“ – истакна по потпишувањето на новите договори спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА