Брегалница ремизираше (1-1) со Кит Го на првиот тест зимава

Фудбалерите на Брегалница ремизираа (1-1) со пехчевски Кит Го на првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Во крајно израмнет дуел кој се одигра на теренот во Бело Брдо во Штип, во првото полувреме Додев и Бакрачески имаа убави шанси да ја доведат Брегалница до предност, но не успеаја во тоа. На спротивната страна останаа нереализирани и шансите на Ступиќ и Алексовски кај Кит Го.

Во второто полувреме, Кит Го дојде до водство од 0-1 со голот на Бошко Ступиќ во 50. минута.

Сепак, во продолжението серија можности на избраниците на Марјан Секуловски кои до ремито дојдоа со голот на Ристе Наумов во 90. минута.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
БРЕГАЛНИЦА – КИТ ГО 1-1 (0-0)
Игралиште на Бело Брдо. Главен судија: Крумислав Георгиев. Помошници: Зоран Саздовски и Ристе Георгиев. Стрелци: Наумов 90′(Б) – Ступиќ 50′ (КГ).
БРЕГАЛНИЦА: Денковски, Ѓоргиевски, Митрев, Манев, Николовски, Бакрачески, Османовски, Наумоски, Додев, М. Стојанов, Кудијан. Уште играа: Петровски, Д. Стојанов, Мирчевски, Дујовски, Муарем, Кудев, Наумов
КИТ ГО: Давков, Антонов, Христов, Стојменов, Димовски, Рајков, Алексовски, Ангелов, Андонов, Мичковски, Ступиќ. Уште играа: Богдановски, Алексов, Трпчевски, Михајлов, Дојчинов

Се вчитува...