Крилниот офанзивец Зоран Андонов е второ засилување за Брегалница низ зимскиот преоден рок пред продолжението на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига.
22-годишниот Андонов потпиша договор за соработка со „сините“ доаѓајќи од редовите на Детонит Плачковица каде настапуваше во првиот дел од сезоната 2022/23.
Претходно, Андонов во својата кариера има настапи и за струмичка Беласица, како и за Кит Го Пехчево.
Брегалница се засили, како што е познато, и со фудбалерот од средниот ред на Скопје, поранешниот младински репрезентативец Давид Калпачки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА