Брегалница се засили и со репрезентативецот на Јамајка, Колин Андерсон

Напаѓачот Колин Андерсон од Јамајка е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот Андерсон кој е репрезентативец на Јамајка, доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Арнет Гарденс исто така во домашниот шампионат. Андерсон досега има два официјални настапи за репрезентацијата на Јамајка.

Претходно, Брегалница се засили и со дефанзивецот Самал Дикенс од Панама, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.

Се вчитува...