Српскиот интернационалец Милан Илиќ треба да биде едно од зимските засилувања на Брегалница за пролетниот дел од шампионатот.
29-годишниот Илиќ веќе е во Штип, активиран на тренинзите на „сините“, а денеска го одигра и првиот пријателски натпревар за тимот во зимскиот подготвителен рок, против Работнички во кој Брегалница славеше со 2-1.
Илиќ игра на стоперската позиција а доаѓа од редовите на Раднички Крагуевац, кој е негов последен клуб. Претходно има настапи и за ОФК Београд во Србија, како и за украинскиот Металург Запорожје , црногорскиот Челик Никшиќ и португалскиот второлигаш Санта Клара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА