Штипска Брегалница посакува преку новата второлигашка сезона на Истокот да се избори за враќање на прволигашката сцена. Токму, согласно тие амбиции, се и води трансфер периодот од раководството на штипјани кое посакува креација на квалитетен тим во лигата во која во имињата на Борец Велес, Кит-Го од Пехчево, Тиквеш – Кавадарци… ќе се има сериозни конкуренти за влез во Првата лига.
Во Брегалница веќе пристигнаа и првите засилувања за новата сезона во имињата на досегашните фудбалери на Пелистер и Скопје, Иве Трифуновски односно Влатко Коцев.
Трифуновски и Коцев треба да го засилат средниот ред на „сините“. Според најавите од раководството на клубот до почетокот на подготовките треба да има уште пет засилувања за Брегалница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА