Фудбалерите на Брегалница го добија шампионскиот пехар за сезоната 2020/2021 во Втората македонска фудбалска лига – Исток, откако го обезбедија првото место и пласманот во елитата уште пред две рунди.
Желбата на „штипските сини“ е и денешниот натпревар против Тиквеш да го завршат со победа, како би останале единствена екипа во трите најсилни домашни лиги без пораз.
Пехарот на шампионите на истокот го додели претседателот на ОФС Штип и член на УО на ФФМ, Димитар Џонов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА