Фудбалерите на Брегалница официјалниот старт на зимските подготовки во пресрет на пролетниот дел од шампионатот ќе го означат официјално во среда, 5. јануари.
Шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски за 5. јануари го закажа првиот собир за првата фаза од зимскиот подготвителен период.
„Од самиот старт на подготовките со тимот ќе бидат и Љупче Кудев и Анџело Николовски кои се враќаат од позајмица од редовите на ФК Кит Го. А на подготовките на тимот ќе се приклучат и фудбалерите на Кит Го, Кире Трпчевски, Давид Бошевски и Зоран Андонов. Тие ќе ги минат подготовките со тимот, а од нив зависи како ќе се докажат и дали ќе обезбедат место за настап во составот на Брегалница“ – вели спортскиот директор на Брегалница, Никола Тонев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

