Брегалница со минимална победа над Силекс

Брегалница со победа ги започна подготовителните натпревари зимава. Денеска на градскиот стадион во Штип, „сините“ го совладаа тимот на Силекс со 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Кинф Канформ, по асистенција на повратникот во синиот дрес Михаил Маневски.

Тренерите на двата тима Здравков и Васоски им дадоа шанса на сите фудбалери кои им се на располагање во моментов.

Се вчитува...