Брегалница со реми (2-2) на гостувањето против Кожуф во Гевгелија ги завршија подготовките на југот од Македонија.
Избраниците на Марјан Секуловски одиграа натпревар во кој беа блиску до триумф на гостувањето против Кожуф, но дозволија погодок во 88. минута на домашните за конечни 2-2. Претходно Кожуф поведе во 39. минута, а стрелци на головите за Брегалница беа Владимир Дујоски во 59. минута и Дарко Додев во 62. минута.
Веднаш по натпреварот избраниците на Марјан Секуловски се враќаат во Штип, завршувајќи ги десетдневните подготовки во Дојран, во спортскиот комплекс Истатов, каде, како што велат, имаа одлични услови за работа.
„Огромна благодарност до Хотел Истатов за професионалната услуга, максималното почитување на сите мерки за здравствена заштита како и на препознатливата гостопримливост. ФК Брегалница добро знаеше каде доаѓа уште кога го одбравме Дојран како центар за нашите подготовки, а сето тоа е потврдено низ изминатите десет дена“ – истакна извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА