Фудбалерите на Брегалница со победа од 3-1 против струмичка Беласица ги заокружија пријателските натпревари за време на зимскиот подготвителен период пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Штип, Брегалница победникот го одлучи уште во првото полувреме кое го доби со 2-0 со головите на Дарко Додев и Димитриј Димитриевски.
Во второто полувреме погоди и Ѓорѓи Ѓорѓиев за 3-0, за да струмичани запишат почесен погодок преку Амедов во 74. минута.
Брегалница подготовките ги заврши со пет победи, едно реми и еден пораз и вкупна гол-разлика од 10-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА