Брегалница триумфално против „пандевци“, Силекс го совлада Работнички за почеток не сезоната (ВИДЕО)

Брегалница, согласно своите посакувања, ја стартуваше со победа новата сезона во Првата македонска фудбалска лига повеќе од заслужено триумфирајќи со 1-2 на гостувањето против Академија Пандев во Струмица. Први три бода на стартот од сезоната запиша и кратовски Силекс кој на домашен терен славеше со 1-0 против Работнички.

Брегалница беше многу подобар противник уште низ првите 45 минути на натпреварот. Се почна одлично со активен напад во првите десет минути од средбата, низ кои избраниците на Илчо Ѓорѓиоски имаа и три корнери, но не успеа да се искористи надмоќноста во однос на домашните. Па, во 16. минута следеше казната. По нафрлувањето од прекин, Јоковиќ оставен сам на вториот дирек погодок од непосредна близина за 1-0.

Во 44. минута Брегалница имаше 100% шанса за израмнување. Коцев нафрли од левата страна, а највисок во скокот со глава Ѓорѓиев кој од десетина метри одлично реагира, но гредата го спасува голот на Академија Пандев.

Сепак, доминацијата на Брегалница вродува со плод во второто полувреме. Извонредна акција во 57. минута и евро-гол на Дарко Додев кој со шут од 16 метри под гредата од голот на домашните носи израмнување на 1-1.

Веќе во 62. минута и сосема заслужено водство на „сините“ од 1-2. По корнерот од левата страна, капитенот Мојсов со глава ја спушта топката на вториот дирек каде од самo неколку метри налетува Ристевски за водство и триумф на Брегалница.

Силекс, исто така во второто полувреме го скрши отпорот на Работнички за триумф во Кратово од 2-0. Најпрво во 58. минута Љамалари донесе предност од 0-1, а во втората минута од судиското продолжение конечните 2-0 од пенал ги постави Стојчевски.



ПМФЛ – 1. КОЛО
Струмица: АК. ПАНДЕВ – БРЕГАЛНИЦА 1-2
Стрелци: Јоковиќ 16′ (АП) – Додев 57′, Ристевски 62′ (Б)
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1-0
Љамалари 58′, Стојчевски 90’+2 (п)
Струга: СТРУГА ТЛ – ПОБЕДА 3-0
Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (17. август, 17 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – ШКУПИ (7. септември, 16 ч.)
МАКЕДОНИЈА ЃП – слободна

Се вчитува...