Во последниот меч од третото коло во Втората лига, екипата на Брегалница во Штип ја совлада екипата на Тетекс со убедливи 6-1, и ја оправда улогата на фаворит.
Домашните играчи целосно доминираа на овој меч, и сосема очекувано и заслужено славеше триумф.
Стрелци за Брегалница беа Карчески, Алексовски, Тасев, повторно Карчески, Демири и Бојаџиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

