Брегалница договори уште два пријателски натпревари за време на подготовките во Анталија.
Како што е познато, првиот следен тест е против азербејџанската Зира на 24. јануари, а на 27. јануари закажана е контролна средба и со убедливо првопласираната екипа од втората украинска лига, Металист од Харков.
Откажан е првично предвидениот дуел со Аксу, а на 29. јануари ќе се игра пријателски натпревар со шампионот на Казахстан, Тобол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

