Управниот одбор на ФК Брегалница донесе одлука да биде дел од хуманата акција „Со срце за Симона“ за помош на четиригодишната штипјанка Симона Хаџи Тошев.
Како што информираат од Брегалница, на четиригодишната Симона Хаџи Тошев од Штип и е дијагностицирана Leucosis ccuta non Lymphoblastic (Акутна нелимфобластна леукемија), па итно и се неопходни финансиски средства за лекување во странство. Во таа насока УО на ФК Брегалница донесе одлука целокупниот приход од продажбата на билетите на вчерашниот првенствен натпревар против Кожуф да биде дониран за лекување на малата Симона. Но, и приходот од билетите од сите преостанати три натпревари на домашен терен до крајот на есенскиот дел од шампионатот ќе бидат донирани за помош на Симона.
ФК БРЕГАЛНИЦА, притоа, испраќа и апел до сите жители на Град Штип уште еднаш да го покажат хуманото срце на Штип и преку присуство на сите останати натпревари на „сините“ до крајот на полусезоната, со купениот билет, да донираат за помош на малата Симона.
СО СРЦЕ ЗА СИМОНА!
Сите кои имаат можност да донираат и дополнителни средства за лекување на Симона Хаџи Тошев можат и преку жиро-сметката за донации:
ПРИМАЧ
Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932-95, ХАЛКБАНК АД Скопје
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА