Лидерот Македонија ЃП обезбеди сигурен триумф на гостувањето во Белес кај Борец во 12. коло од ВМФЛ. „Лавовите“ имаа проблеми само во првиот дел да го скршат отпорот на домашните, кои издржаа на налетите на гостите. Отпорот на домаќините беше скршен во 60. минута кога погоди Симеон Христов. Истиот играч во последните секунди го искористи киксот на голманот на велешани, и стави печат на победата.
Брегалница добро се испоти да дојде до победата во дербито против Арсими. Штипјани губеа после 83. минути игра, но со два гола во последните седум минути успеаја да стигнат до триумфот. Брегалница преку Даноски во 83. минута најпрво израмни, а потоа Калшачки во првата минута од судиското надополнување го постигна голот вреден пресврт и три бода.
Скопје со 2-1 го совлада тимот на Башкими во возбудливиот меч на Авткоманда, кој на неколку минути беше прекинат поради конфликтот помеѓу навивачите и играчите, конфликт кој се пренесе и на теренот, па затоа мечот заврши подоцна.
Осоговор со 4-1 убедливо ја совлада екипата на победа, додека Вардар Неготино на домашен терен беше поразен од Каменица Саса. Кожуф и Охрид во Гевгелија одиграа без голови.
ВТОРА ЛИГА, 12. КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-2
БРЕГАЛНИЦА – АРСИМИ 2-1
ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА – БЕЛАСИЦА 2-1
СКОПЈЕ – БАШКИМИ 2-1
КОЖУФ – ОХРИД 0-0
ОСОГОВО – ПОБЕДА 4-1
ВАРДАР Н. – КАМЕНИЦА САСА 0-1
ВАРДАРСКИ – НОВАЦИ 0-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА