Брегот на Слонова коска го зема на „позајмица“ селекторот на Франција

Брегот на Слоновата коска ќе го ангажира селекторот на женската фудбалска репрезентација на Франција, Ерве Ренар за нов предводник на репрезентацијата во остатокот на Купот на Африкански нации.

Претходниот селектор Жан-Луј Гасе доби отказ среде натпреварувањето, откако челниците на БСК не беа задоволни од неговата работа, и покрај тоа што „слоновите“ се пласираа во 1/8 финалето на ова натпреварување.

Ренар има големо искуство со водење на селекции. Тој ја водеше Саудиска Арабија на последниот Мундијал во Катар, а беше селектор и на репрезентациите на Замбија, Ангола и Мароко. Минатата година ја презеде женската селекција на Франција.

Федерацијата на БСК веќе контактирала со француската федерација за можноста Ренар да го презеде кормилото до крајот на Африканскиот куп на Нации.

Се вчитува...