Страшните сцени на „Паркен“ за време на дуелот меѓу Финска и Данска, кога Кристијан Ериксен колабираше на терен, а лекарите едвај се изборија за неговиот живот, се уште се актуелни во данската јавност.
Една телевизија дури снима и документарец за целата случка, земајќи изјави од голем дел од фудбалерите, кои пред камерите говорат за оние потресни минути во кои голем дел од фудбалска Европа не можеше да поверува што се случува во Копенхаген.
Еден од нив е и голгетерот Мартин Бреитвајт, кој е убеден дека Ериксен кратко време бил клинички мртов.
„Беше страшно… во еден момент го видов Ериксен, тој беше мртов. Кога ќе видиш мртво тело, знаеш дека е мртво, тоа е јасно. Јас го видов Ериксен како лежи и почнав да се молам. Почувствував дека во тој момент можам да го сторам само тоа, да се свртам кон Бога“, прокоментира напаѓачот на Барселона и на данската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА