Брејди мртов пијан: Го „расфрлаше“ трофејот на парадата на Тампа беј, на крај придружуван од Гронковски (ВИДЕО)

Тампа беј одржа победничка парада по неделниот триумф над Канзас сити од 31-9, освојувајќи го својот втор Супербоул во историјата.

Том Брејди и соиграчите, по прекрасно време, парадираа на бродови по заливот покрај илијадници навивачи кои ги следеа со глисери и чамци. Очигледно дека посебно расположен беше токму Брејди. Па 43-годишниот квотербек прописна си се напи, па во еден момент го дофрлуваше и трофејот од глисер на глисер.

 

Претерувајќи со алкохолот на крајот откако заврши прошетката со бродови, едвај стоеше на нозе па неговиот омилен соиграч Роб Гронковски мораше да го придржува.

Легендарниот Брејди се огласи нешто подоцна преку Твитер коментирајќи ја снимката на своето тетеравење.

„Ништо посебно. Само малку текила од авокадо“ – напиша Брејди.

Се вчитува...