Брејди откри што го натера да се врати од пензија

Најдобриот играч во историјата на НФЛ лигата, Том Брејди на крајот по поразот од ЛА Ремс во плеј-офот најави дека заминува во пензија, но само неколку недели подоцна се премисли и одлучи да одигра уште една сезона во дресот на Тампа Беј Бакнерс.

Седумкратниот освојувач на „Супер-боул“ изјави која е главната причина која го натерала да се врати во Тампа Беј уште една сезона.

„Сакам уште еднаш да го кренам трофејот во „Супер-боул“. Тоа е тоа што ме мотивира секој ден. Сакам ова да биде мојата најдобра година. Пред два месеци не се чувствував така, но сега сум мотивиран. Можам да кажам дека ова ќе биде најголемиот предизвик во мојата кариера“, изјави Брејди. 

Се вчитува...