Штом Том Брејди објави дека се пензионира, беше откриено дека славниот бек во иднина ќе биде коментатор на „FOX Sports“. Сепак, легендарниот квотербек откри дека тоа нема да биде така наскоро.
Поранешниот квотербек на Њу Ингланд Петриотс и Тампа Беј Баканерс откри дека коментаторската кариера ќе ја почне дури од есента 2024 година.
„Сакам да бидам одличен во тоа што го работам. Разговарав со луѓе од „FOX Sports“ и управата се согласи да започне со работа есента 2024 година, што е одлично за мене. На тој начин го добивам потребното време навистина да ја научам работата. Да станам навистина добар. Добив одлична можност и не сакам да брзам“, изјави Брејди.
Брејди наводно треба да потпише 10-годишен договор вреден 375 милиони долари со FOX Sports.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

