„Брејк“ на Минесота и Бостон за 2-1 во четвртфиналето од НБА плеј-офот

Минесота успеа да направи пресврт во четвртфиналната плеј-оф серија против Голден Стејт и да поведе со 2-1 откако го доби третиот натпревар со 97-102 и тоа благодарение на одлична игра во последната четвртина кога негативата од шест поени беше претворена во победа.

Едвардс беше прво име во редовите на Минесота со 36 постигнати поени, додека во отсуство на Кари со 33 поени, седум скокови и седум асистенции Голден Стејт го предводеше Батлер.

Бостон успеа да ја намали негативата на 2-1 во серијата против Бостон славејќи со 93-115 на првиот натпревар на гостински терен. „Зелените“ покажаа доминантна игра уште во првото полувреме па предноста од 25 поени умешно ја зачуваа во продолжението.

Брансон со 27 поени и седум асистенции беше лидер на Њујорк, додека 23 поени за Бостон постигна Причард. 22 поени, девет скокови и седум асистенции забележа Тејтум.

Се вчитува...